Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес, пред неколку дена беше назначен за нов селектор на Србија.
Искусниот стратег, кој на клупско ниво го предводи богатиот ПСЖ, на клупата на „орлите“ ќе биде најмалку до 2028 година.
Шпанецот во изјава за српскиот портал ,,Спортски Журнал” истакна дека е среќен што ќе може да работи со репрезентација како српската.
,,Среќен сум што ја презедов репрезентацијата на Србија, исто така многу сум горд што ќе имам можност да водам таков тим како што се „орлите“. За се друго ќе зборуваме во иднина, ќе имаме време за се, а во моментов сакам да се фокусирам на претстојните натпревари што ги имам со ПСЖ”, изјави Гонзалез.
Екс тренерот на „црвено-црните“ клупата на српската репрезентација ќе ја предводи од 1 јули, 2025 година.


























