Селекторот на женската репрезентација на Унгарија, Владимир Головин, го објави скратениот список од 14 ракометарки и три резерви што ќе бидат дел од Олимписките игри во Париз.
На последниот рез отпаднаа од комбинација искусните Сандра Солоши Зачик и Доротеја Фалувеги, како и Грета Јухас, додека во резервите ќе бидат Грета Качор, Ноеми Пастор и Софи Семереј.
Во составот ќе биде лидерот Катрин Клујбер, а тука се Викторија Лукач, Петра Вамос, Ченге Кучора…
Унгарките ќе одиграат две пријателски средби како загревање за Олимписките игри против селекциите на Словенија и Германија на 13, односно 19 јули.
Унгарија е во групата Б на ОИ и ќе се бори против Холандија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола.