Голманот Михаљевиќ и пивотот Крстевски заминаа од Пролет

Тимот на Пролет во новата сезона ќе има неколку промени во ростерот, откако се раздели со уште двајца ракометари.

Од Пролет си заминува црногорскиот интернационалец Данило Михаљевиќ, кој во последните две сезони го чуваше голот на македонскиот суперлигаш.

Црногорецот во двете поминати сезони беше еден од главните адути на Пролет и речиси на секој натпревар ги покажуваше своите голмански способности.

Освен Михаљевиќ, од Пролет си заминува и кружниот напаѓач, младиот Филип Крстевски. Претходно, Пролет го напуштија Филип Арсениевски, Мартин Димов, како и Дејан Пецаковски.

Како што е познато, искусниот Пецаковски одлучи да ја заврши својата играчка кариера. Пролет и во следната сезона ќе остане предводен од искусниот стратег Александар Јовиќ.