Голманите јунаци – фатија три пенали, Бутел со трофеј се враќа од Сараево!

Тимот на Бутел Скопје го освои трофејот на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, откако во драматично финале го совлада составот на Вогошча со 38-37.

Во регуларниот дел натпреварот заврши 30-30, иако македонскиот тим можеше многу порано да го реши прашањето околу победникот.

Водеше на паузата со 16-14, како и со шест гола во вториот дел, но упорната босанска екипа успеа до крајот да стигне до реми.

По првите пет пенали беше повторно нерешено, 33-33, па мораше нова тура удари од седум метри.

Таму издоминираа голманите на Бутел Скопје, Бојан Блажески кој одбрани два пенала, како и Александар Стојаноски, кој го запре последниот удар на Фахрудин Мелиќ и радоста на бутелци можеше да почне.

Десниот бек Филип Николов постигна дури 16 гола на овој натпревар, додека по пет пати во листата на стрелците се запишаа Дамјан Субашевски и Димитар Ѓеоргиевски.