Тимот на Хановер официјално го назначи Хуан Карлос Пастор за нов шеф на стручниот штаб од сезоната 2026/27. Искусниот шпански стратег потпиша двегодишен договор и ќе го наследи Кристијан Прокоп на клупата на бундеслигашот.
Пастор зад себе има импресивна кариера и богато меѓународно искуство. Со Ваљадолид освои европски и трофеи во Асобал лигата, а како селектор на Шпанија освојуваше светско злато, европско сребро и олимписка бронза.
Голем успех постигна и со ПИК Сегед, кој под негово водство стана сериозен конкурент на Веспрем, а последниот предизвик му беше репрезентацијата на Египет.
Во Хановер, Пастор доаѓа со јасна визија – развој на екипата, унапредување на младите играчи и стабилен напредок на клубот во најсилната лига на светот.

























