Bence IMRE, Hungary vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Големата надеж на Унгарија се сели во Кил

Според унгарските и германски медиуми, бундеслигашот Кил од следната сезона ќе може да смета на репрезентативецот на Унгарија, десното крило Бенце Имре.

21-годишниот ракометар, кој одигра одлично на Европското првенство во јануари, веднаш стана мета на „зебрите“ и во следниот период се очекува официјализирање на договорот меѓу двете страни.

Имре на континенталниот собир во Германија беше меѓу најдобрите стрелци за унгарската репрезентација, која настапот го заврши на петтото место.

Младиот ракометар од 2019 година е член на сениорскиот тим на Ференцварош, а во последните две сезони со клубот од унгарската престолнина се натпреварува во европски рамки.

По завршувањето на оваа сезона, од тимот на Кил ќе си заминат Никлас Екберг и Свен Ериг, па така раководството на Кил веќе пронајде нивна замена.