Младите македонски ракометни судии Данило Божиновски и Виктор Начевски имаат пред себе уште еден голем предизвик во својата досегашна кариера. Ракометната федерација на Македонија им ја довери честа да го делат правдата на престојниот Суперкуп на Македонија, кој ќе се игра утре (19 часот) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
Ова ќе биде првпат тие да судат Суперкуп меч, а веднаш ќе имаат сериозна задача – дербито меѓу двата најтрофејни македонски клуба: Еурофарм Пелистер, актуелен шампион, и Вардар 1961, освојувач на Купот. Натпреварот се очекува да понуди вистински спектакл, со две големи навивачки групи на трибините.
Божиновски и Начевски важат за еден од најперспективните судиски двојки кај нас. Од пред три години тие судат натпревари под капата на Светската ракометна федерација (ИХФ), а редовно се делегирани и на натпревари во рамките на ЕХФ Купот и други европски клупски натпреварувања.
Во своето досегашно портфолио веќе имаат и настапи на светски и европски првенства за млади категории, а ова пред една недела беа дел и од регионалниот турнир во Скопје.