Голем удар за Холандија – без Кај Смитс на ЕП!

Голем удар за репрезентацијата на Холандија пред Европското првенство. Десниот бек Кај Смитс, еден од клучните играчи на „лалињата“, соопшти дека нема да настапи на шампионатот што во јануари ќе се одржи во Норвешка, Данска и Шведска.

Иако Смитс минатата година се врати во националниот тим по здравствените проблеми, последниот превентивен медицински преглед го натера повторно да ја намали оптовареноста и да направи нова пауза.

„Сите прегледи беа позитивни и ништо не укажува дека не треба да играм, но морам внимателно да ја контролирам мојата состојба. ЕП бара поинаков ритам и огромна физичка подготвеност. Се чувствувам добро, но ова беше најпаметната одлука“, изјави Смитс.

Холандија на ЕП ќе се натпреварува во групата Е, каде противници ќе и бидат Шведска, Хрватска и Грузија.

Со отсуството на Смитс, селекторот Штафан Олсон ќе мора да бара нови решенија на десната бековска позиција, а Холанѓаните остануваат без играч што често ја носеше одговорноста во нападот.