Салата Автокоманда во Скопје ќе биде домаќин на голем пријателски турнир со осум репрезентации пред женското младинско Светско првенство.
Покрај Македонија, ќе играат уште седум други селекции од четири континенти. Претставници на Европа се уште и Романија, Исланд и Велика Британија, додека од Азија доаѓа селекцијата на Кина.
Од Јужна Америка ќе учествуваат Бразил и Чиле, а последниот учесник доаѓа од Африка – а тоа е репрезентацијата на Ангола.
Избраничките на селекторот Дарко Јанев ги завршија подготовките во Маврово и ќе се вратат на тренинзи во Скопје до стартот на турнирот, што е закажан од 14 до 16 јуни.
Младинките ќе играат на 14 јуни од 16:30 часот против Бразил, на 15 јуни против Кина од 19:00 часот, а последниот ден ќе одиграат и меч за пласман. Сите натпревари ќе бидат од затворен тип.
Македонија е во група на Мундијалот со Исланд, САД и Ангола, и со тие репрезентации, логично, нема да играат на турнирот. Мундијалот ќе се игра во трите сали во СЦ „Борис Трајковски“ и во СЦ „Јане Сандански“ од 19 до 30 јуни.