Голем шок за Загреб: Кларица се повреди, го пропушта и ЕП!

Хрватскиот првак Загреб се соочува со голем удар пред финишот на полусезоната. Еден од клучните играчи, Лука Ловре Кларица, ја заработи најтешката повреда во својата кариера досега – постои сериозно сомневање за оштетување на лигамент на стапалото, пишува „Спортске Новости“.

Поради ова, Кларица ќе ги пропушти дуелите од Лигата на шампиони против ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, а според првичните информации, многу веројатно е да го нема ниту до крајот на годинава.

Ова е огромен хендикеп за Загреб, а ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што под знак прашалник се доведува и неговото учество на Европското првенство.

Ако дијагнозата се потврди, ќе му следи пауза од најмалку шест недели, што остава многу малку време за целосно заздравување и подготовка пред шампионатот.

Загреб има осум порази на осум меча оваа сезона во Лигата на шампионите и го замени тренерот Андрија Николиќ со искусниот Ненад Шоштариќ.