Во европски гигант каков што е Крим, дозволија еден административен пропуст да ги остави без трофеј во Купот на Словенија!
Две ракометарки на словенечкиот првак немале право на настап, а сепак беа дел од полуфиналната средба со Ајдовшчина, што Крим ја доби, но победата му беше одземена утредента на „зелена маса“ и домаќинот Ајдовшчина се пласираше во финале со службена победа од 10-0.
Втората екипа по квалитет во Словенија немаше проблеми во финалната средба и ја победи Литија со 31-20, па за првпат во својата историја се радуваше на трофеј во Купот на Словенија.
Досега Крим имаше освоено 28 трофеи, а единствена друга екипа што славела во Купот на Словенија е Олимпија Љубљана – 1992 и 1998 година.