Екипата на Голден Арт забележа победа над прволигашот Бисинов во последниот пријателски натпревар во подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Двајцата тренери имаа шанса да испробат тактички варијанти, па така резултатот беше во втор план.
Голден Арт во вториот дел од сезоната ќе настапува во плеј-аут фазата во суперлигашкото друштво.
Прв ривал на избраниците на Глигоров во борбата за опстанок е екипата на Мулти Есенс.
Бисинов е еден од фаворитите во прволигшакиот плеј-оф, во кој ќе влезе со максимален број бодови, односно три.
Амбициозниот тим од Велес во првото коло од плеј-оф фазата во Првата лига ќе се соочи со Шампион.