Гол-шоу на Салиу, Јехона се врати на победнички патеки

Екипата на Јехона им се врати на победите во рамките на Првата лига, откако на домашен терен славеше убедливо против Кичево со резултат 35-24, а на паузата водеше со 20-13.

Домаќините од самиот почеток ја контролираа играта и не му оставија простор на противникот за изненадување.

Јехона стигна до четвртата сезонска победа и има осум бода на табелата, додека Кичево останува на дното без ниту еден освоен бод.

Најрасположен за игра кај победничкиот состав беше Адис Салиу, кој блескаше со 14 погодоци, а поддршка му дадоа Бојан Давидоски, Михајло Живкоски и Новица Михајлоски, сите со по пет гола.

Во редовите на Кичево, Славко Бошковиќ и Петар Стерјоски беа најефикасни со по шест гола, додека Александар Зафироски постигна пет.