Гол-шоу на Костески, сам ги победи „своите“

„Сино-белите“ од Автокоманда ја запишаа шестата победа во шестиот натпревар од Супер лигата, откако на домашен терен славеа убедливо против Струга со 35-20. Предводник на домаќините беше десното крило Никола Костески, кој блескаше против својот матичен клуб и даде 13 голови.

Победникот беше решен уште по провото полувреме кога домашните ракометари поведоа со десет гола разлика, 17-7.

Во вториот дел немаше стружани го кренаа нивото, но немаа многу шанси да направат некаков резултатски камбек во натпреварот.

Покрај Костески кој беше најдобар стрелец, во победничкиот состав се истакна уште и левото крило Арно Бинго со шест и Михајловиќ со четири гола. Голманот Трајкоски имаше 12 интервенции. Во тимот на Струга шест гола запиша Богдан Мијушковиќ, додека Филип Мечкароски четири пати беше прецизен во домашната мрежа.

Во следното коло тимот од Автокоманда ќе гостува кај новиот суперлигаш Бисинов во Велес, додека Струга ќе го пречека Радовиш.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186