Со натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Астибо беше спуштена завесата на есенскиот дел од Супер женската лига, па време е за сумирање на сработеното досега.
По 13 одиграни кола, на врвот на листата на стрелци се најде ракометарката на Астибо од Штип, Марија Анчева.
Искусната ракометарка доминира со дури 136 постигнати погодоци и ја продолжува традицијата, бидејќи веќе неколку години по ред е најдобар стрелец кај дамите.
На втората позиција се наоѓа Зорица Андовска од Спартак со 115 погодоци, додека ТОП 5 го комплетираат Маријана Да Силва Азеведо од Куманово со 91 гол, Леона Миленкоска од Вардар со 88 и Анастасија Тодоровска од Пелистер со 80 гола.

























