Гогов: Максимум на теренот за враќање на првото место

Вардар загуби минимално кај Кристијанштад со 32-31 иако до последните секунди беше во игра за позитивен резултат. Сега „црвено-црните“ посакуваат реванш и одмазда, односно победа што ќе ги врати на врвот на табелата.

Голманот Васил Гогов порача дека тимот е решен да ги коригира грешките од првиот натпревар во Шведска.

„Во Шведска направивме многу пропусти. Овие денови работевме да ги сведеме на минимум. Ќе дадеме максимум за да се вратиме на првото место во групата“, вели Гогов.

Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот.