Романскиот првак Динамо Букурешт во 13. кола од лигата на шампионите по вторпат се израдува на победа, откако „падна“ Колштад, 33-23. Мечот немаше резултатско значење бидејќи и двете екипи немаа шанси за плејофот, па повеќе играа за престиж и секако за паричната награда од ЕХФ за освоените бодови.
Динамо сега има 4 бода исто колку и Колштад, и двата тима се на дното на табелата во Група А, далеку од Спортинг и Нант кои имаат 12 бода. Гостите имаа двојно повеќе технички грешки (вкупно 18) и плус пет помалку упатени удари кон голот, па тука беше направена и разликата. Во вториот дел домашните откако направија разлика од некол кугола продолжија да ја полнат мрежата на Норвежаните, и да имаат и двоцифрена предност.
Лангаро со 6 гола, и Станчиу со 4 беа најпрецизни кај Динамо, а Симон Јепсон кај Колштад постигна 8 гола.
ГОГ направи „брејк“ на гостински терен во Унгарија победувајќи го ПИК Сегед со 37-34, па сега Данците имаат 11 бода и се на делба на 4 место заедно со ПСЖ. Унгарците паднаа на петтото место на табелата.
Двете екипи имаа свои минути на средбата, и водеа со по неколку гола. Во вториот дел ГОГ имаше предност од 1-2 гола, ама во самата завршница ПИК Сегед израмни, на 31-31. Потоа Данците зголемија на 34-31 и до крајот ја задржаа таа предност.
Во последното коло ќе биде решено за пласманот од 4 до 6 место, бидејќи Магдебург и Барселона се „фиксни“ за четвртфинале, а Висла е третопласирана си предност од 6 бода во однос на другите.
За подобра позиција пред осминафиналето ќе решаваат три дуели: ПИК Сегед гостува кај Висла, ГОГ го пречекува Загреб, а ПСЖ е домаќин на Магдебург.


























