ГО СРУШИ РЕКОРДОТ: Бобан Поповски постигна НЕВЕРОЈАТНИ 37 голови на еден меч!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, актуелен член на „витамините“ од Автокоманда и иден на Вардар, е нов рекордер во Македонија по број на постигнати голови на еден меч.

Играчот што подеднакво добро се снаоѓа на десната бековска и десната крилна позиција постигна 37 погодоци на мечот меѓу „витамините“ од Автокоманда и Вардар Неготино!

На дуелот од младинската лига, Поповски беше најрасположен во победничката екипа што славеше со неверојатни 86-17 против последнопласираната екипа.

Овој натпревар сигурно ќе влезе и во аналите како натпревар на кој една од екипите постигнала најмногу погодоци – 86.

Претходниот индивидуален рекорд го држеше Матилда Атанасоска, која постигна 33 погодоци на меч за Кале Кичево против ТК Бренд, кој заврши 64-10.

Атанасијевиќ постигна 32 гола, но рекордот во мак-ракомет го држи дама