Го поврзуваа со Вардар, ама ќе оди во ПИК Сегед

Швајцарскиот репрезентативен голман Никола Портнер од идното лето би можел да застане на голот на унгарскиот ПИК Сегед, пишува „Билд“.

Иако некои медиуми го поврзуваа Портнер со Вардар, се чини дека од тој трансфер нема да има ништо.

Унгарскиот вицепрвак е во потрага на нови чувари на мрежата, бидејќи на лето им истекуваат договорите и на Роланд Миклер и на Тобијас Тулин, за кој постои интерес од бундеслигашот Гумерсбах.

Вардар во моментов ги има на располагање Милош Валах, Васил Гогов, Марко Богдановски и Мигел Еспиња.