Го гледаат како наследник на Пепи Манасков – пионерот Трајчески потпиша за првиот тим на Охрид

Освен ангажирање на искусни и проверени играчи, управата на Охрид размислува и за задржување и напредување и на своите млади ракометари.

Откако пионерите на Охрид ја освоија титулата сезонава на Ф4 турнирот, најдоброт играч Илија Трајчески доби „унапредување.

Покрај тоа што ќе биде дел од својата пионерска категорија, ќе работи и под „окото“ на тренерот Ројевиќ во следниот период, и ќе трнеира и со првиот тим на Охрид.

Трајчески има 14 години и е висок 194 см. Некои веќе го гледаат како наследник на Пепи Манасков.