На ждрепката во Хернинг, последна за оваа сезона во ЕХФ Европскиот Куп кај дамите, беа одредени четвртфиналните и полуфиналните двојки.
Ждрепката донесе четири атрактивни пресметки, а во фокусот е шпанското дерби меѓу поранешниот освојувач на трофејот во овој Куп, Елче и финалистот од 2023 година, Атлетико Гуардес.
Елче оваа сезона со две победи во Скопје го елиминираше македонскиот првак Ѓорче Петров, а ќе биде фаворит во двомечот со Гуардес.
Шпанија имаше дури три клуба во жрепката, а постои реална можност за уште едно шпанско дерби и во полуфиналето. Победникот од дуелот меѓу Гуардес и Елче ќе се соочи со подобриот од четвртфиналниот пар меѓу Малага (шампион од 2021) и чешкиот тим Хазена Кинжварт.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се одиграат на 21/22 март, додека реваншите се закажани за 28/29 март. Полуфиналните пресметки ќе се играат на 18/19 април и 25/26 април.
🏆 ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП – ЖЕНИ:
четвртфинале:
Венло (Холандија) – Јувента Михаловце (Словачка)
Малага (Шпанија) – Хазена Кинжварт (Чешка)
Бурса (Турција) – ПАОК (Грција)
Атлетико Гуардес (Шпанија) – Елче (Шпанија)
полуфинале:
Малага/Хазена Кинжварт – Атлетико Гуардес/Елче
Бурса/ПАОК – Венло/Јувента Михаловце

























