Тимот на Кувајт клуб го потврди ангажманот на португалскиот репрезентативец со кубанско потекло, Витор Итуриза (35). Итуриза доаѓа од португалскиот шампион Порто, со кој настапуваше на највисоко европско ниво, а договорот е потпишан на една сезона.
Итуриза важи за еден од најдобрите кружни напаѓачи во светскиот ракомет во последната деценија.
Претходно, неговото име се поврзуваше со трансфери во европските гиганти Барселона и Веспрем, што дополнително ја потврдува неговата класа и репутација.
Ракометната федерација на Кувајт го зголеми бројот на странски ракометари од два на три, со напомена дека максимум двајца странци може да бидат на терен во исто време, па многу клубови ангажираа дополнително ракометари за новата сезона.
Тимот на Бурган од Кувајт исто така донесе уште еден странец – десниот бек Јовица Николиќ, покрај Стипе Мандалиниќ и Косуке Јасухира.