Го бараа ПСЖ и Кил, но ќе го менува Талески во Бенфика

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, ќе има нов предизвик во кариерата од лето.

Левиот бек од Куба, кој доби холандски пасош, ќе биде дел од португалскиот тим Бенфика по настапите за данската Фредериција.

Тоj ќе биде замена за Филип Талески во Бенфика, откако македонскиот интернационалец се реши за камбек во Вардар.

Табоада во Битола помина една сезона, а потоа замина во Данска, со кој минатата сезона играше и во Лигата на шампионите.

Претходно има настапувано за португалската Аванка две сезони, па уште три во францускиот Данкерк пред да дојде во Македонија.