Еден од најголемите таленти во светот – Оли Митун во последните две сезони добиваше сериозни понуди, а во ракометните колоари како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваа екипите на Магдебирг и ПИК Сегед.
Митун, кој е дел од новиот бран на врвни млади играчи и кој беше меѓу најзаслужните за историскиот пласман на Фарски Острови на Европското првенство 2024, реши својата кариера да ја продолжи во ГОГ од Данска.
Поранешниот шампион на Данска важи за еден од најдобрите клубови за развој на млади играчи. Токму од овој клуб произлегоа Матијас Гидсел, Емил Нилсен, Симон Питлик, Емил Јакобсен…Митун моментално игра за Савехоф, во шведскиот тим настапува од сезона 2022/23.
19-годишниот репрезентативец на Фарски Острови беше МВП и најдобар стрелец на кадетското ЕП 2022, најдобар стрелец на кадетското СП 2023, но и најдобар стрелец на младинското ЕП 2024. Уште од кадетскиот континентален собир 2022 големи го привлече вниманието на големите клубови.
Средниот бек и раководството на ГОГ се договорија на четиригодишна соработка, а договорот ќе стапи на сила од летото, 2025 година. Освен Митун, во ГОГ следната сезона ќе пристигне и Ласе Балстад од Фредериција, додека клубот ќе го напуштат неколку важни играчи како Арон Менсинг, Тобијас Тулин, Андерс Захариесен.