Глигоров и Кастриоти стартуваа со триумф

Тимот на Кастриоти Феризај на чија клупа седи македонскиот стратег Владимир Глигорв имаше победнички старт во новата сезона.

Во првото коло од косовскиот шампионат, Кастриоти славеше на домашен терен против Приштина со 48-32.

Победата беше обезбедена уште по првите триесетина минути кога Кастриоти водеше со осум гола разлика, 21-13.

Следен предизвик за Глигоров и Кастриоти ќе биде гостувањето кај незгодната Беса Фамгас претстојниот викенд.