Глигоров и Кастриоти победнички го стартуваа вториот дел од сезоната

Тимот на Кастриоти, каде што тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров, победнички ја отвори 2026 година.

Кастриоти на домашен терен беше подобар од составот на Приштина со убедливи осум гола разлика, 38-30.

Сега Кастриоти има 26 бодови по 14 одиграни натпревари, го дели врвот со Раховеци, а се очекува да им се приклучи и Беса, која има 24 бода но и меч помалку.

Следен предизвик за Глигоров и Кастриоти ќе биде дербито и гостинскиот натпревар кај Беса, која ја води Реваз Чантурија.