Македонскиот стратег Владимир Глигоров и неговиот тим Кастриоти се пласираа во полуфиналето на Купот на Косово.
Тимот на Глигоров славеше во четвртфиналниот натпревар на гостински терен кај Приштина со 46-33.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога момците предводени од македонскиот стратег направија залиха од седум гола, 22-15.
Во полуфиналето на Купот покрај Кастриоти, место обезбедија уште екипите на Беса Фамгас, Раховеци и Трепча.