ВО ЖИВО: Македонија – Азербејџан (ЛИНК)

Женската репрезентација на Македонија денес го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Швајцарија, Унгарија и Австрија.

Македонија во квалификациите е во група заедно со  репрезентациите на Азербејџан, Литванија и Шпанија.

Избраничките на Кристијан Грчевски за прв ривал го имаат Азербејџан, додека во второто коло ќе гостуваат во Литванија.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.

Пренос од овој дуел ќе има на МРТ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој дуел ќе бидат Пикар и Воше од Франција, додека делегат ќе биде Хашани од Косово.