Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе го одигра третиот натпревар во Лигата на шампионите.
Нов ривал на избраниците на Александар Јовиќ е тимот на Кил, кој во Битола доаѓа по трета победа.
Пелистерци во претходните две кола беа поразени од Алборг и Колстад, па во денешниот дуел со „зебрите“ посакуваат да дојдат до изненадување.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:45 часот.
Пренос од овој дуел ќе има на МТВ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.
*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.