Раководството на Охрид ги пушти во продажба билетите за првиот осминафинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага.
Љубителите на ракометот ќе имаат можност да го проследат овој меч и да набават билети по популарни цени од 250 денари за сите места во салата.
„Бидете 8-ми играч на Охрид и дел од спортскиот спектакл во „Билјанини Извори“, да стигнеме до што поубедлива победа на домашен терен!“, напишаа охриѓани во објавата.
Билетите може да ги купите ТУКА.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра на 14 февруари со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.


























