Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска.
Нашиот ривал ќе биде практично со вториот состав, без носителите на играта, а тука од попознатите ќе биде десното крило Филип Главаш, кој го најави мечот во Пореч.
„Не сме во полн состав, но тука нема лесни натпревари. Ова се подготовки за Европското првенство. Дуелот со Македонија ќе го сфатиме сериозно. Мило ни е што сме препознаени, за тоа се боревме, поставивме високо ниво и сега треба да го одржиме. Ќе биде интересен натпревар, Македонија е заедно долго време, се познаваат подобро. Ние имаме шаренолик состав, ќе видиме колку можеме да комбинираме за краток временски период“, рече Главаш.
Пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Македонија се игра вечерва во салата во Пореч со почеток од 20:30 часот.

























