Изберете ги најдобрите ракометарки во женска Суперлига на Македонија. Можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, дефанзивец, тренер, како и за ракометарка која била „фактор X“ на некој од натпреварите. Во изборот на единствениот ракометен порал во Македонија - www.24rakomet.mk се вклучени читателите и редакцијата 24Ракомет.
Трета сезона по ред www.24rakomet.mk ги избира најдобрите ракометарки, организирајќи гласање за иделниот тим – ALL STAR тимот на сезоната.
Како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот ќе ги избереме најдобрите и ќе им дадеме признание за нивната игра и постигнати резултати. По регуларниот дел од сезоната се одиграа натпреварите од плеј-офот.
Во изборот ќе учествуваат публиката преку гласањето што го огранизираме, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на двата сегменти (публиката и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Во секоја категорија на номинирани играчи/тренери ќе им по петмина предложени кандидати. Оние што ќе добијат најмногу гласови од публиката ќе добијат 5 (пет) бода, вториот ќе добие 4 (четири) бода, третиот 3 бода, четвртиот – 2 бода и петтопласираниот во гласањето ќе добие 1 глас. Истиот принцип ќе биде и при гласањето на редакцијата на 24Ракомет.
Играчите на секоја позиција што ќе добијат најмногу бодови ќе бидат прогласени за дел од ALL STAR тимот.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО 22 ЈУНИ.