Изберете ги најдобрите ракометари во машката Суперлига на Македонија во сезоната која беше најнеизвесна. Можете да гласате за најдобрите седум ракометари по позиции, како и за најдобар млад ракометар, одбранбен играч и тренер, но и играч што на некој од натпреварите беше „фактор X“. Во изборот на единствениот ракометен портал во Македонија - www.24rakomet.mk се вклучени читателите, редакцијата 24Ракомет и новинари од повеќе различни македонски медиуми.
Седма сезона по ред www.24rakomet.mk ги избира најдобрите, организирајќи гласање за иделниот тим – ALL STAR тимот на сезоната. Во едно од најнеизвесните првенства во историјата на македонскиот ракомет, до последното коло не се знаеше кој ќе биде шампион.
Првенството на Македонија е веќе етаблирано како силно, неизвесно и со повеќе екипи кои можат да направат сериозен резултат. Три различни екипи сезонава ги освоија домашните трофеи, а една триумфираше и на европска сцена.
Како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот ќе ги избереме најдобрите и ќе им дадеме признание за нивната игра и постигнати резултати. По регуларниот дел сезоната се одиграа уште 10 кола од плеј-офот, и секој меч беше докрај неизвесен.
Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три сегменти (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Во секоја категорија на номинирани играчи/тренери ќе има по петмина предложени кандидати. Оние што ќе добијат најмногу гласови од публиката ќе добијат 5 (пет) бода, вториот ќе добие 4 (четири) бода, третиот 3 бода, четвртиот – 2 бода и петтопласираниот во гласањето ќе добие 1 глас. Истиот принцип ќе биде и при гласањето на новинарите, и на редакцијата на 24Ракомет.
Играчите на секоја позиција што ќе добијат најмногу бодови ќе бидат прогласени за дел од ALL STAR тимот.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО 22 ЈУНИ.