Ракометарите на Магдебург освоија два важни бодови со триумфот над Барселона од 29:28 (13:14) во натпревар од 13. коло во Лигата на шампионите.
Барселона веќе има обезбедено пласман во четвртфиналето, додека на Магдебург во последното коло, против Веспрем, ќе му биде потребен само бод за да обезбеди директен пласман во четвртфиналето.
Победничкиот гол за актуелниот европски првак го постигна Гисли Кристијансон, кој во последната секунда им донесе голема радост на домашните навивачи.
Најефикасен во редовите на бундеслигашот беше Феликс Клар со шест погодоци, по пет постигна Омар Игни Магнусон и херојот на домаќините, средниот бек Гисли Кристијансон.
Кај Барселона листата на стрелци беше предводена од Луис Фраде со осум погодоци, седум реализации имаше Алеиш Гомез.