Германската ракометна федерација го објави скратениот список на ракометари што ќе настапат на Олимписките игри во Париз.
Селекторот Алфред Гисласон избра 14 ракометари и три резерви кои ќе патуваат за Франција, а голманот Андреас Вулф ќе го има третиот настап на ОИ.
Меѓу стативите него ќе му прави друштво младиот Давид Шпат, додека капитенот Јоханес Гола, средниот бек Јури Кнор и пивотот Јаник Колбахер ќе имаат втор настап на ОИ по оној во Токио.
Резерви во составот на Гисласон ќе бидат голманот Јоел Бирлем, левото крило Руне Дамке и пивотот Јустус Фишер.
Германија е во група со Јапонија, Хрватска, Шведска, Шпанија и Словенија.