Еден од најдобрите ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, беше еден од клучните играчи во победата на Данска над Исланд со 31-28 и пласманот во финалето на Европското првенство.
Данскиот десен бек даде седум погодоци против „рибарите“, а со новиот голгетерски учинок испиша и историја на континенталните шампионати. Со овие седум гола, тој сега има вкупно 61, и се израмни со Кирил Лазаров на вечната листа на најдобрите стрелци на континенталните шампионати.
Лазаров постигна исто толку голови на ЕП 2012 во Србија, а прв на листата е норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен, кој даде 65 голови на ЕП 2020
Гидсел ќе има уште еден натпревар – финалето против Германија, ако постигне најмалку пет гола, ќе го надмине Сагосен и ќе влезе во историјата на сите ЕП.
Рекордери по број на голови на едно ЕП:
65 – Сандер Сагосен (Норвешка, 2020)
61 – Кирил Лазаров (Македонија, 2012)
61 – Матиас Гидсел (Данска, 2026)
61 – Франциско Коста (Португалија, 2026)
59 – Омар Инги Магнусон (Исланд, 2022)


























