Гидсел: Мора да сфатиме дека не сме „бесмртни“!

По поразот на Данска од Португалија (31-29) на Европското првенство, еден од најдобрите ракометари во светот, Матјас Гидсел, искрено проговори за чувствата по киксот.

Гидсел призна дека данската селекција не беше на потребното ниво, но и дека поразот носи важна поука.

„Многу сме разочарани, но таков е животот. Не одиш секогаш по вода…Понекогаш мораш да почувствуваш дека и ти не си бесмртен. Тоа го почувствувавме денес. Можеби е добро да видиме дека и Данска може да загуби меч“, изјави Гидсел.

Данска сега ќе има потешка задача во битката за полуфинале, а прв предизвик е европскиот шампион Франција утре од 20:30 часот.