Светскиот и олимписки првак Данска славеше против Македонија со 34-22 во првото коло на Европското првенство.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше можеби најдобриот ракометар во моментов Матијас Гидсел со осум погодоци.
Тој смета дека Македонија ќе може да се носи со Португалија.
„Сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата и можеби затоа влеговме малку нервозно во мечот. Атмосферата и поддршката беа фантастични. Знаевме дека Лазаров ќе направи нешто за да не изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната 5-1 во првото полувреме, можеби беше причина што не игравме убав ракомет како секогаш. Македонија покажа квалитет, сметам дека би можеле да ја предизвикаат Португалија“, изјави Гидсел.
Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра в недела од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“, додека од 20:30 е пресметката меѓу Данска и Романија.

























