Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска, заедно со Лада Тољати во вториот натпревар од рускиот шампионат одиграа реми против ЦСКА Москва, 28:28.
Актуелниот шампион на Русија беше пред пораз, но во завршниот дел имаше многу среќа и се избори за голем бод против тимот од Тољати.
Гичевска одигра одлично против московската екипа и натпреварот го заврши со четири погодоци од шест обиди.
Лада Тољати во првото коло, против Динамо Синара, исто така одигра нерешено, па сега на табелата има два бода.
Следен предизвик за Гичевска и нејзините клупски колешки ќе биде гостувањето кај Ростов Дон.