Гичев, Димовски и Махфуд комбинираа 30 гола – Еурофарм Пелистер 2 „гази“ се пред себе!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 славеше против Скопје со 51-19 во натпревар од 8 коло од прволигашкиот плеј-оф.

Најзаслужни за убедливата победа беше триото – Бојан Гичев со 11, Марко Димовски со десет и Мохамед Азиз Бен Махфуд со девет голови.

На стартот беше 12-1 и по десетина минути веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.

До паузата, избраниците на Александар Зарков поведоа со 25-10, a во вториот дел прашање беше само со колкава разлика ќе слават.

Во составот на Скопје ниту еден играч не постигна повеќе од три погодоци. На табелата, Еурофарм Пелистер 2 е лидер со 28 бода од 14 меча, додека втори се „витамините“ од Автокоманда со 25 од 16 натпревари.