Ги водеше Македонија и Црна Гора, сега стана селектор на Јордан

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ ќе има нов предизвик во богатата кариера, откако стана селектор на машката репрезентација на Јордан.

Кастратовиќ веќе пристигна во Аман и ги договори сите детали за соработката со челниците на тамошната федерација.

Прв голем предизвик за Јордан и Кастратовиќ ќе биде настапот на Азиското првенство во јануари во Кувајт, а Јордан ќе игра во групата Б заедно со Кина, Ирак и Бахреин.

Црногорецот има големо искуство и како селектор и како тренер. Во Македонија работеше во Пролет, Металург и Вардар, а ги водеше и Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш, Ал Мудар и Ал Кадсија.

Беше на селекторските позиции во машките репрезентации на Црна Гора, Иран и Саудиска Арабија, а ја водеше и женската репрезентација на Македонија.