Унгарскиот вицепрвак Ференцварош доби голема казна од Ракометната федерација на Унгарија поради навредливиот транспарент на навивачите за време на дербито против Ѓер пред две недели.
На секторот каде што беа сместени навивачите на Ференцварош во „Ауди Арена“ беше развиен транспарент со срамна порака.
„Ги мразиме сите жители на Ѓер, без разлика на боја на кожа, возраст или пол“.
Поради овој инцидент, Ференцварош е казнет со 800.000 форинти (над 2.000 евра), а федерацијата одлучи и фан-секторот да биде затворен за еден домашен натпревар на Ѓер.
Казна доби и Ѓер, кој ќе мора да плати 400.000 форинти (над 1.000 евра) за пропусти во организацијата и несоодветно однесување кон гостинскиот тим, бидејќи домашниот клуб е одговорен за спречување на појави на расистички, навредливи или идеолошки пораки на трибините.
 
            

 
								  
								  
								  
	
									  
								
























 
                