Гевгелија се врати по минус осум, но на крајот остана без бодови кај Шампион

Тимот на Шампион по бодот освоен против Овче Поле СУ минатото коло, запиша и триумф против составот на Гевгелија со 28-24.

Домаќинките тргнаа силовито и поведоа со 6-1, беше и плус осум, 12-4, а на пауза избраничките на Слободан Чивлачки заминаа со водство 16-11.

Гевгеличанки не се предадоа и направија херојски камбек во натпреварот. Не само што се вратија до реми, стигнаа и до водство, 23-22 на девет минути до крајот на мечот.

Но кога требаше да направат завршен чекор, попуштија под притисокот, направија низа грешки кои беа казнети од Шампион и одново предноста беше на страната на домаќинките, 26-23.

Шампион рутински ја задржа предноста во последните неколку минути и немаше проблеми да ја забележи втората сезонска победа.

Најдобри стрелци со по девет гола беа Ангела Петровска од Шампион и Билјана Кадиева од Гевгелија.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080