Гевгеличани славеа на гостувањето во Скопје

Екипата на Партизан од Гевгелија на гостувањето во Скопје кај истоимената екипа славеше со 36:30 во натпревар од 16. коло од прволигашката конкуренција.

Скопје, кој ќе игра во плеј-оф сегментот, го загуби натпреварот уште во првиот дел кога гостите заминаа на пауза со предност од 17:12.

Предводник во победничката екипа беше Илија Пејковски со осум погодоци, седум додаде Горан Лисичков, а шест запиша Јован Гетов.

Во поразениот табор се истакнаа Дион Земон, Андреј Кочески и Теодор Кочовски, тројцата имаа по четири реализации.

Мулти Есенс дојде до 9-ти сезонски триумф, откако славеше против Металург РА со десет гола разлика, 29:19.