Хрватскиот вицепрвак Нексе во рамки од 2. коло од Лигата на Европа на свој терен славеше против незгодната Брага со 38:28.
На екипата од Португалија не и стигнала опремата за играчите во Хрватска, па така домашниот тим им излезе во пресрет и им помогна на гостите.
Брага на терен излезе со резервните дресови на Нексе, а пред самиот старт, на резервните дресови набрзина беа испечатени броевите на гостинските играчи.
Овој натпревар требаше да се игра во Брага, но бидејќи истиот ден таму се играше натпреварот од фудбалската Лига на шампиони помеѓу Брага и Реал Мадрид, раководството на Брага побара од Нексе да бидат направени измени, па така хрватскиот вицепрвак во декември ќе гостува во Португалија.
Нексе со победата над португалската екипа сега има „два од два“ во второто по ранг европско клупско натпреварување.