Германскиот шампион на работ на амбисот!

Актуелниот германски шампион во женска конкуренција, Лудвигсбург, се соочува со сериозна финансиска криза откако компанијата што стои зад клубот се наоѓа пред банкрот.

Изјавите што доаѓаат од клубот се перцепираат како обид за релативизирање на сериозноста на ситуацијата. Впечатокот е дека клубот се бори да најде излез во последен момент, како давеник што се фаќа за сламка.

Загриженост стигна и од Европската ракометна федерација, која побара официјални одговори од клубот. Лудвигсбург е пријавен за настап во новата сезона на Лигата на шампионите.

Од ЕХФ соопштија дека нема да го коментираат случајот се додека не добијат комплетна и официјална информација за финансиската состојба на германскиот првак.

Станува збор за потенцијален удар не само за клубот, туку и за угледот на германскиот женски ракомет, кој со години се гради како стабилен и конкурентен во Европа. Следните денови ќе бидат клучни за судбината на Лудвигсбург — и на домашната сцена и во елитното европско натпреварување.