Репрезентацијата на Германија, која со високи амбиции допатува на Европското првенство 2024, со победа се одјави од континенталниот собир, откако триумфираше над Словенија со 35:16.
За Словенија ова беше најлошиот одигран натпревар на Европското првенство, додека за Германија, која во групната фаза славеше над Швајцарија, а загуби од Норвешка и Данска, најдобриот одигран натпревар.
Германките одиграа доминантно во двете полувремина, а натпреварот го решија уште во првиот дел, кој го добија со. Избраничките на Драган Аџиќ веќе на стартот на вториот дел кренаа бело знаме и влегоа во уште поголема криза.
Бундес-тимот без никакви проблеми лесно стигнуваше до реализација и како одминуваше натпреварот, така ја зголемуваше разликата во своја корист.
Една од најзаслужните за убедливата победа беше голманката Катарина Филтер, која натпреварот го заврши со 14 интервенции.