Женската младинска репрезентација на Германија е нов европски шампион, откако во финалето ја совлада Шпанија со 34-27.
Ова е историска прва титула за Германија во оваа конкуренција, а до неа стигна со голем пресврт иако 50 минути беше во негатива.
Иако Шпанија водеше со 17-14 на паузата, а претходно имаше и плус четири, 15-11, сепак Германија не би била Германија ако не игра и се бори до крајот.
За првпат Германките поведоа на десетина минути до крајот со 27-26, тука Шпанија комплетно се распадна и до крајот постигна само уште еден гол и новиот шампион само рутински го доврши мечот.
Во битката за третото место селекцијата на Данска ја победи Австрија со убедливи 38-14 и ја освои бронзата на ЕП во Подгорица.