Селекциите на Германија и Египет ќе се борат за златото на историското прво Светско првенство за пионери.
На мундијалот што се одржува во Казабланка, денеска се одиграа полуфиналните натпревари кои ги дадоа патниците во финалето.
Во првото полуфинале, Германија немаше проблеми против Катар и славеше со 38-22, додека интересно беше во втората пресметка. Египет ја победи Шпанија со 31-28, откако на полувремето беше реми, 12-12.
Германија и Египет играа во финале на СП 1993 за младинци, потоа на СП 2019 за кадети, а сега ќе се сретнат и на СП 2025 за пионери.
 
            

 
								  
								  
								  
	
									  
								























 
                