Германија го елиминира шампионот Франција и по 32 години ќе игра за злато!

Едниот од домаќините на Мундијалот, Германија, славеше над светскиот првак Франција со 29-23.

Со оваа победа, Германките, обезбедија место во финалето на СП и ќе се борат за злато за првпат по 18 години, откако тоа го направија во 1993 и станаа шампионки.

На мечот во Ротердам Германките ја имаа контролата по десетина минути игра и во првиот дел водеа со 15-12, а светскиот шампион во вториот дел само еднаш намали на минус два и избраничките на Маркус Гаугиш доминираа на теренот.

Одлична на голот на Германија беше Катарина Филтер со 11 одбрани и капитенот Антје Дол, кој постигна девет погодоци.

Противник на Германките во финалето ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Холандија и Норвешка.